Калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss)
Калифорниска Пастрмка (Oncorhynchus mykiss), со величини за консумирање од 250-400 грама. Калифорниската пастрмка претпочита ладна, чиста и високо-квалитетна вода. Рибникот е изграден на реката Дошница, која има висококвалитетна вода, каква што бара овој специфичен тип на пастрмка. Калифорниската пастрмка има дамки во различни бои и затоа англиското име и е "rainbow trout" (виножитна пастрмка). Оваа риба има висококвалитетно месо, што е важен податок за нутриционистите и за сите оние кои водат грижа за своето здравје. Калифорниската пастрмка обично се продава свежа, во вообичаената величина за консумирање.