Со повеќе од 60 години постоење, рибникот Дошница има долга традиција на одгледување на пастрмка (калифорниска и речна пастрмка), и за прв пат и тоа само кај нас, во нашиот рибник има свеж лосос од видот Coho Salmon.
Рибникот Дошница се наоѓа во општина Демир Капија, на само 5 km оддалеченост од автопатот Скопје-Гевгелија. Рибникот има околу 2000m2 корисно земјиште и има на располагање 100 тони риби за консумирање годишно.
Нашата компанија работи напорно за да го зголеми производството со воведување на нови технологии и да стане водечки производител на пастрмка во Република Македонија.
Во нашето мрестилиште произведуваме по 500 000 мали рипчиња од калифорниска и речна пастрмка во еден турнус.
ДПУП Дошница ДООЕЛ е овластен регионален претставник за продажба на храна за риби од познатата марка Aller Aqua.